Почнуваат 16.„Есенски музички свечености“
Со концертот на триото од Турција, џез-пијанистот Керем Горсев, Каган Јилдиз-контрабас и Ферит Одман-тапани, во придружба на камерниот оркестар на Битола вечер во Домот на Армијата на Република Македонија ќе биде отворено 16. издание на „Есенските музички свечености“. Диригент на концертот ќе биде Сашо Татарчевски.
Организатор на манифестацијата е Дирекцијата за култура и уметност-Скопје, а покровители се Град Скопје и Министерството за култура.
Концертот на турските уметници се реализира во соработка со Институтот „Јунус Емре“ Турски културен центар-Скопје и Центарот за култура-Битола.
Премиерата на современата балетска претстава „Balcan Dance Project VOL. 1, копродукција меѓу Словенија, Хрватска, Србија и Македонија e предвидена за сабота, во Македонскиот народен театар. Се работи за балетска претстава што ја работат двајца кореографи, Александар Саша Илиќ од Србија и Игор Киров од Македонија.
В понеделник концерт на Факултетот за музичка уметност-Скопје ќе одржи младата Горјана Стојановска-пијано, студент на ФМУ.
На 14 ноември на ФМУ-Скопје со целовечерен концерт ќе настапи Ансамблот за современа музика „Con Tempora“. Концертот „Sounds of Spirits“ претставува портрет на композиторот Малколм Дедман од Англија, а диригент ќе биде Бисера Чадловска.
Студентите од Факултетот за музичка уметност-Скопје на 16 ноември ќе имаат концерт посветен на 90-годишнината од раѓањето на Властимир Николовски. Концертот е насловен „Творечкиот опус на Властимир Николовски“. На 20 ноември во Домот на АРМ вокално-инструментален концерт ќе одржи Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“.
Во рамки на манифестацијата, хорот „Про Арс“ ќе има премерни изведби на хорски композиции наградени на конкурсот на Министерството за култура на Република Македонија за нови хорски дела. Диригент ќе биде Сашо Татарчевски.
Вториот млад музичар кој ќе настапи на „Есенските музички свечености“ е Момчило Куфојанакис-виолина заедно со Весна Ангелова-пијано. Концертот ќе се одржи во Културно-информативниот центар-Скопје, во Салонот 19,19. На 23 ноември рецитал ќе има саксофонистот Нинослав Димов со пијано придружба на Маја Поповиќ Караиванова.
Манифестацијата ќе заврши на 30 ноември со настапот на оперското дувачко трио на МОБ, уметниците Татијана Петрушевска-обоа, Игор Бакевски-кларинет и Марјан Милошевски-фагот.
Ново на Сител
-
Николоски и Трајановски извршиле вонреден надзор над активностите за изградба на автопатот Кичево-Охрид
-
Иран: Нападите врз Израел се чин на самоодбрана
-
Кипар активира систем за алармирање и засолништа поради судирот Израел-Иран
-
Германија, Франција и Велика Британија нудат итни преговори со Иран за нуклеарната програма
-
Над пет милиони Американци на протести против Трамп за време на одржувањето на воената парада во главниот град
-
Репрезентативец на Албанија доби мурал на ѕид на тетовско училиште
-
Трамп: САД немаат ништо со нападот врз Иран
-
Херцог жали за жртвите од иранскиот ракетен напад: Многу тажно и тешко утро