Почнува реконструкцијата на патарините
Од идното лето повеќе нема со часови да се чека на патарината кај Романовце. Во текот на месецов наплатната станица ќе се дислоцира. Градежните работи наскоро треба да почнат и до декмеври да биде готова. За брзо време ќе се дислоцира и патарината кај Градско, за останатите се чека одобруваење на проектот.
Освен овие две, инвеститорот, турската фирма Аселсан, треба да ги модернизира прошири трите патарини, Петровец, Сопот и Отовица. А ќе се градат и две нови, во близина на Демир Капија и Гевгелија. Сите се долж коридорот 10.
Освен мнодернизациа на патарините, фирмата Аселсан работи и новиот електрински систем за наплата на патната такса. Патарина ќе се плаќа на два начини- со безконтактни смарт картички и преку микробранови транспондери кои ќе овозможат возилата да не застануваат на наплатните станици, туку да минуваат само со намалување на брзината.
Инвестицијата за целиот проект чини 18 милиони и 700 илјади евра, од кои, 15.8 милиони евра се заем од Европската банка за обнова и развој, а остатокот се пари од буџетот.
Патарините треба да бидат готови до јуни догодина. Новите патарини ќе помогнат да се забрза протокот на стоки и да се намали времето на чекање на патниците, особено во летниот период кога се чека долго.
Таква беше сликата и за време на овој продолжен викенд, колони возила и нервозни патници кај Романовце и Градско , чекаа и до два часа за да пројдат.
-

Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар
