Почнува пописот на населението во Црна Гора
Денеска почнува пописот на населението во Црна Гора откако власта и опозицијата постигнаа договор за построгите услови под кои ќе се одвива.
– Исполнети се условите за да се одржи пописот и ги повикуваме сите граѓани слободно да се изјаснат, изјави вршителот на должност претседател на опозициската Демократска партија на социјалистите Данијел Живковиќ на прес-конференција.
Живковиќ рече дека доколку се забележат неправилности или злоупотреби, во секој момент можат да реагираат и да го прекинат пописот и ги повика граѓаните да ги информираат доколку забележат притисоци.
Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ ги поздрави напорите и придонесот на сите кои учествуваа во преговорите и подготовката на Пописот на населението, домаќинствата и становите.
Спајиќ на Х напиша дека покажале оти Црна Гора има функционални институции и одговорни поединци подготвени да градат мостови за европската иднина.
Претходната влада на премиерот Дритан Абазовиќ го закажа пописот за 1 ноември, а опозицијата најави бојкот.
Новата Влада на премиерот Милојко Спајиќ првично го одложи за 30 ноември, а дополнително за 3 декември на барање на опозицијата.
Пописот на населението во Црна Гора требаше да се одржи во 2021 година, кога беше одложен поради пандемијата на Ковид-19, а не беше одржан во 2022 година, како што беше објаснето, поради технички причини.
Ново на Сител
-
Од странство се враќаат четворица пациенти од пожарот во Кочани, 11 остануваат во странски медицински центри
-
Бранителите на Палевски и Видевски бараат вештачење на пронајдената чаура
-
Скопјанец во двор пронашол рачна бомба
-
Кај 69-годишник пронајдени 15 пушки, шест пиштоли, два револвери и 363 парчиња муниција
-
Мицкоски носи договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Се претставил како полицаец и ѝ рекол дека ќерка ѝ прегазила дете, 72-годишна жена измамена за 9.700 евра
-
Работник загина на градилиште во Охрид
-
Пиштол пронајден на Јабланица на граничната линија со Албанија