Почнува Охридскиот хорски фестивал

Од денеска до 28 август во Охрид по десетти пат ќе се одржи Охридскиот хорски фестивал.
Свеченото отворање на фестивалот, кој е во организација на Охридскиот хор, ќе биде вечерва во хотелот Инекс Горица, по што во 21:00 часот ќе следува настап во центарот на Охрид.
На фестивалот ќе учествуваат 24 хорови од десет европски земји. Фестивалот има ревијален и натпреварувачки дел кој опфаќа неколку категории.
Пријавените хорови ќе се претстават на натпреварувачките концерти, концертите на духовна музика, поп и фолк.
Жири комисијата ја сочинуваат Алицја Шелуга од Полска, Аљоша Новаковиќ од БиХ, Запро Запров од Македонија, Јасенка Остојиќ од Хрватска и Илија Рајковиќ од Србија.
Концертите од фестивалот ќе се одржуваат во Дијамантската сала на хотелот Инекс Горица и католичката црква Св. Кирил и Методиј.
Ново на Сител
-

Зелени грантови за домаќинствата и бизнисите во Босилово
-

Над 200 евакуирани во Кичево поради поплава
-

СДСМ со нови обвинувања за тендери, ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла како популизам
-

Обвинувања за поврзаност со бизнисот со канабис - нова политичка пресметка
-

Мицкоски од Минхен: Не ни треба процес без крај, туку предвидлива европска иднина
-

МОН од утре ќе организира јавни дебати за Законот за високо образование
-

За околу 2 месеци се очекува да заврши измената и дополнувањето на текстуалниот дел од ГУП за Прилеп
-

Штип центар на европска студентска мобилност
