Почнува одбележувањето на Денот на Европа - 9 мај

Во зградата на Европскиот парламент во Стразбур денеска ќе се одржи официјалната церемонија на почетокот на одбележувањето на Денот на Европа – 9 мај и на 75-годишнината од усвојувањето на Шумановата декларација.
Церемонијата ќе започне со емитување на видео порака на претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, по што ќе следи обраќање на потпретседателот на ЕП, Јунус Омарџи.
Свечениот дел од стартот на овогодишното одбележување на Денот на Европа ќе заврши со настап на музичкиот ансамбл „Воа де Страс“ (Voix de Stras’).
Посетителите преку разни изложби и интерактивни активности, ќе можат да се запознаат како функционира Европскиот парламентот, како се усвојуваат законите и зошто е важна европската политика.
Најголемиот дел од настаните поврзани со одбележувањето на Денот на Европа во европските институции ќе се одржат на 9 и 10 мај.
Инаку годинава, ЕУ заедно со Денот на Европа ја одбележува и 75-годишнината од Шумановата декларација, која ги постави темелите на денешната Европската Унија и го трасира патот за просперитет, мир, демократија, солидарност и соработка во Европа.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
