Почнува одбележувањето на Денот на Европа - 9 мај
Во зградата на Европскиот парламент во Стразбур денеска ќе се одржи официјалната церемонија на почетокот на одбележувањето на Денот на Европа – 9 мај и на 75-годишнината од усвојувањето на Шумановата декларација.
Церемонијата ќе започне со емитување на видео порака на претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, по што ќе следи обраќање на потпретседателот на ЕП, Јунус Омарџи.
Свечениот дел од стартот на овогодишното одбележување на Денот на Европа ќе заврши со настап на музичкиот ансамбл „Воа де Страс“ (Voix de Stras’).
Посетителите преку разни изложби и интерактивни активности, ќе можат да се запознаат како функционира Европскиот парламентот, како се усвојуваат законите и зошто е важна европската политика.
Најголемиот дел од настаните поврзани со одбележувањето на Денот на Европа во европските институции ќе се одржат на 9 и 10 мај.
Инаку годинава, ЕУ заедно со Денот на Европа ја одбележува и 75-годишнината од Шумановата декларација, која ги постави темелите на денешната Европската Унија и го трасира патот за просперитет, мир, демократија, солидарност и соработка во Европа.
Ново на Сител
-
Пет лица од Тетово се тепале на Меѓународниот аеродром Скопје
-
Во сообраќајка тешко повреден 14-годишен мотоциклист
-
ОЈО: Обвинение против шест лица за фалсификување пари
-
Мицкоски: Преполовени царините на САД за Македонија, преговараме за уште пониски
-
Приведено лице од прилепско, возел со 1,79 промили алкохол во крвта
-
Нови директни летови од скопскиот аеродром Скопјe до Стокхолм, Бари, Мадрид, Прага, Келн и Ларнака
-
Приведен арачиновец, превезувал огревно дрво без дозвола
-
Уапсени лицата кои пукаа на свадба во Куманово