Почнува ноемвриската пленарна сесија на Европарламентот

Програмата за европска одбранбена индустрија, безбедноста на воздушниот простор и критичната инфраструктура на ЕУ, Предлог-буџетот за 2026 година, сигурноста на играчките, заштитата на малолетници од несоодветни онлајн содржини и Законот за дефорестација ќе бидат главни теми на овонеделната пленарна сесија на Европскиот парламент во Стразбур.
Заседанието почнува доцна попладнево со дебата по извештајот на холандската европратеничка Тинеле Стрик од редовите на Зелените за „постоење на јасен ризик од сериозно кршење на вредностите врз кои е основана Унијата од страна на Унгарија“, по што ќе следи расправа за зајакнување на полициската соработка во борбата против шверцот на мигранти и трговија со луѓе.
За усвојување на двата извештаи европратениците ќе се изјаснат утре. Дополнително, вечерва ќе се организира и одбележување на 30-годишнината од Барселонскиот процес и Пактот за Медитеранот.
МИА
Ново на Сител
-

Без струја денес корисници од Центар и Шуто Оризари
-

Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Загреб
-

Презентација на лесни оклопни возила „страјкер“ набавени од САД
-

Корејскиот амбасадор Донгбае во посета на Собранието
-

Макрон го повика иранскиот претседател да ги прекине нападите и да започне искрени преговори
-

Папата Лав изјави дека војната во Иран „станува се потешка“
-

Трамп ги повика Унгарците да гласаат за Орбан
-

Променливо облачно со сончеви периоди
