Македонија
3. August 2015 - 18:06

Почнува најстарата ликовна колонија во Струмица

Започна најстарата ликовна колонија на Балканот. Стартот на 52 то издание на меѓународната струмичка ликовна колонија годинава беше означен со ретроспективната изложба на Марјан Пецев Захов насловена ,,Ликовна Резонанца,,. На колонијата која ќе трае дваесетина дена ќе учествуваат 18 автори од земјата и неколку европски држави кои ќе работат во скоро сите ликовни техники. После повеќе години пауза организаторите најавуваат повторно активирање и на студиото за графика.

,,Очекуваме да се создадат некаде над  45 до 50 дела кои збирката на ликовната колонија би ја збогатиле на над 2100 дела веќе. Како новитет оваа година би сакале да го обновиме и студиото за графика. Веќе ја оспособивме пресата, поканивме уметници кои се занимаваат со таа дисциплина и се надевам дека еве од оваа година и  наредните години ќе продолжиме со оваа ликовна дициплина,,. вели Иван Јовев директор на НУЦК,, Антон Панов Струмица

Во склоп на колонијата над две децении работи и студиото за мозаик благодарение на кое се создадени голем број вредни мозаици од национален интерес.Традиционално сите уметнички дела создадени на колонијата пред пошироката публика ќе бидат претставени на изложба на 11 септември, денот на ослободувањето на градот Струмица.