Почнува мониторингот за птичји грип
- Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од денеска почнува со мониторинг на птичји грип преку земање крв од домашна живина и диви птици што е пракса секоја година.
По последниот случај на појава на болеста во февруари 2017, во Македонија досега не е регистриран нов случај на авијарна инфлуенца.
Од втори ноември годинава АХВ воведе забрана за увоз на живина, производи од живина и нус-производи од животинско потекло од регионот на Добрич, Бугарија, каде беше констатирана појава на птичји грип. Забраната на осми ноември беше проширена и за регионите на Кливен и Хасково.
Како што велат од АХВ за МИА, контролите на граничните премини се засилени, но досега нема вратени пратки од регионите за кои важи забраната.
- Забраната за увоз од оваа, но и од сите други земји и региони каде е утврдено присуство на болеста останува на сила се додека не се сузбие болеста, информираат од Агенцијата.
Забрани за увоз неодамна беа воведени и за региони од Франција и Италија, како и за региони од Белгија, Чешка, Словачка,...
Ново на Сител
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“
-
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место