Почнува манифестацијата „Звуците на чаршијата“
Многубројни концерти, перформанси, фолклорни настапи, поезија, ликовна колонија и презентација на занаети ќе понуди 9. манифестација „Звуците на чаршијата“ што ќе се одржува денеска и утре.
Фестивалот ќе почне вечер во 21 часот со концертот на Слаткаристика и Шпенд Латифи на плоштадот „Филип Втори“. Утре напладне на платото пред Штуловиот универзитет ќе настапи Аква Денс, а од 13 часот ќе настапи Ансамблот на староградски македонски песни и ора „Серенада“ од Виница. На плоштадот „Скендербег“ ќе има ликовна колонија, а ќе настапат Сарана Османи со група млади уметници кои ќе свират на класични инструменти, ќе настапат повеќе културно-уметнички друштва и ќе има книжевна вечер. Од 20 часот до полноќ во Куршумли Ан ќе настапат Шкурте Фејза и Агим бенд, Адријан Гаџа, Флоријан, Линдон, Ледри и Ера Естрефи.
Град Скопје и Културно-информативниот центар-Скопје се покровители и организатори на манифестацијата, а во реализацијата е вклучена општина Чаир. Град Скопје го поддржува фестивалот со 700 илјади денари.
Скопскиот градоначалник Коце Трајановски смета дека манифестацијата придонесува за заживување на Старата скопска чаршија од културен аспект и ги покани скопјани да уживаат во програмата.
Ново на Сител
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата
-
Бошков: Доцнењето со оперативниот план втурна 10.000 лица да работат на црно
-
Преглед на вестите од светот