Македонија
22. September 2015 - 8:42

Почнува манифестацијата „Звуците на чаршијата“

Многубројни концерти, перформанси, фолклорни настапи, поезија, ликовна колонија и презентација на занаети ќе понуди 9. манифестација „Звуците на чаршијата“ што ќе се одржува денеска и утре. 

Фестивалот ќе почне вечер во 21 часот со концертот на Слаткаристика и Шпенд Латифи на плоштадот „Филип Втори“. Утре напладне на платото пред Штуловиот универзитет ќе настапи Аква Денс, а од 13 часот ќе настапи Ансамблот на староградски македонски песни и ора „Серенада“ од Виница. На плоштадот „Скендербег“ ќе има ликовна колонија, а ќе настапат Сарана Османи со група млади уметници кои ќе свират на класични инструменти, ќе настапат повеќе културно-уметнички друштва и ќе има книжевна вечер. Од 20 часот до полноќ во Куршумли Ан ќе настапат Шкурте Фејза и Агим бенд,  Адријан Гаџа, Флоријан, Линдон, Ледри и Ера Естрефи. 

Град Скопје и Културно-информативниот центар-Скопје се покровители и организатори на манифестацијата, а во реализацијата е вклучена општина Чаир. Град Скопје го поддржува фестивалот со 700 илјади денари.

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски смета дека манифестацијата придонесува за заживување на Старата скопска чаршија од културен аспект и ги покани скопјани да уживаат во програмата.