Македонија
10. July 2016 - 11:48

Почнува манифестацијата „Денот кога се роди добриот човек“

Во Градскиот парк во Кавадарци денеска почнува петото издание на манифестацијата „Денот кога се роди добриот човек“.

Манифестацијата ја организира здружението за алтернативна култута „Алтер-Центар“ од Кавадарци во чест на Дејан Костов Лиса, соработник на најдобрите кавадаречки уметници. 

Мултимедијалниот настан ќе се одвива под отворено небо и годинава во негови рамки ќе настапат кавадаречкиот рок бенд „Бадасал Трио“, а ќе има и ликовен перформанс предводен од младиот кавадаречки уметник Трајче Јованов, урбана поезија, актерски моменти и друго.