Почнува „лудилото“ во Премиер лигата
Со денешните осум натпревари од 18.коло од Премиер лигата почнува „лудилото“ бидејќи до 4.јануари екипите од најсилната лига ќе одиграат три кола. Практично фудбал нема да се игра само на 29.декември (четврток) на сите други денови ќе има најмалку по еден натпревар.
Попладнево на популарниот „Боксин деј“ први на теренот ќе се појават екипите на Вотфорд и на Кристал Палас, а почетокот на дуелот е во 13:30 часот.
Во терминот од 16 часот се играат шест натпревари: Арсенал – ВБА, Барнли – Мидлсброу, Челзи – Бурнемут, Лестер – Евертон, Манчестер Јунајтед – Сандерленд и Свонси – Вест Хем.
Последниот натпревар денеска од 18:15 часот го играат Хал и Манчестер Сити.
Во вторник се игра натпреварот Ливерпул – Стоук, а во среда е последниот дуел од оваа рунда меѓу Саутемптон и Тотенхем.
Табела: Челзи 43 бодови, Ливерпул 37, Манчестер Сити 36, Арсенал 34, Тотенхем 33, Манчестер Јунајтед 30,...
Ново на Сител
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест
-
Нов протест за новиот автопат
-
Управниот одбор на Токсикологија ќе ја решава судбината на Клиниката
-
Македонци осудени на 5 години затвор во Грција - пренесувале 599 лажни бланко документи