Почнува летното сметање на времето

Викендов сказалките на часовниците ќе се поместат поради почетокот на летното сметање на времето.
Од Министерството за економија информираат дека Владата дола Одлука за денот и моментот на воведување и денот и моментот на завршување на летното сметање на времето за 2019 година, објавена во „Службен весник на РСМ“ бр.53/19 од 11.03.2019 година.
Според одлуката, летното сметање на времето во 2019 година започнува на 31 март во 02h 00min 00s, така што со поместување за еден час нанапред времето во 02h 00 min 00 s се смета како 03h 00min 00s. Летното сметање на времето во 2019 година завршува на 27 октомври во 03h 00min 00s, така што со поместување за еден час наназад времето во 03h 00min 00s се смета како 02h 00 min 00 s.
Оваа Одлука е во согласност со член 5 од Директивата 2000/84/ЕС OJ: JOL2001031R002101 на Европскиот парламент и на Советот од 19.01.2001 година за договорите за планот за летното сметање и Информацијата на Европската Комисија во сообразност со член 4 од Директивата, објавена во Службениот весник на ЕУ бр. C 61, 17.2.2016, стои во соопштението на Министерството за економија.
Ново на Сител
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
-

Арсенал до финалето без пораз, ПСЖ постигна 44 голови
-

Тошковски: Силни институции значат сигурни граѓани, а полицијата е тивката сила на државата
-

Медведев: Доколку Германија се приближи до поседување нуклеарно оружје - тоа би било повод за војна
-

Загреб е првиот европски град што нуди роботакси-услуги
