Почнува конференцијата на „Економист“ во Атина, Битиќи и Заев меѓу учесниците
Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и поранешниот премиер Зоран Заев, според официјалната агенда, ќе бидат дел од конференцијата на „Економист“, односно 26-та тркалезна маса со грчката Влада, јави дописничката на МИА од Атина.
Тридневната конференција што традиционално секоја година се одржува во Атина започнува утрово со обраќања на претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, претседателот на Украина Володимир Зеленски и претседателката на Молдавија Маја Санду.
Поранешниот премиер на Северна Македонија Зоран Заев, заедно со премиерите на Црна Гора и Косово Дритан Абазовиќ и Албин Курти, како и специјалниот претставник на Велика Британија за Западен Балкан Сер Стјуарт Пич и поранешниот шеф на грчката дипломатија Јоргос Катругалос, денеска ќе дискутираат за Југоисточна Европа и дали може да постои стабилност и просперитет во регионот.
Енергетиката ќе биде главната тема на дискусијата насловена „Декарбонизирање на Југоисточна Европа и Источниот Медитеран“, на која утре, според официјалната агенда, ќе учествува заменик-претседателот на Владата на Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи.
Заедно со Битиќи ќе биде и министерот за животна средина и енергетика на Грција Костас Скрекас, како и бизнис лидери.
На годишната конференција на Економист, што започнува утрово и ќе трае до четврток, ќе учествуваат министри, поранешни премиери и претседатели, академци, како и претставници на бизнис заедницата.
Ново на Сител
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип