Почнува исплатата на субвенциите за тутунот

Почнува исплатата на субвенциите за тутунот. Во Министерството за финансии се испратени налозите за вкупно 1,5 милијарди денари или 25 милиони евра, а земјоделците попладнево и утре ќе може да си ги подигнат парите од банките.
Како што соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, по речиси еден месец, процесите се деблокирани и исплатата може да почне.
- За само еден и пол ден тутунопроизводителите ќе може да ги добијат средствата без какви било селективни процедури, постапки и калкулации, нагласи Николовски на прес-конференција во Владата.
Според него, изминатите недели Министерството направи огромни напори за да ги отстрани сите пречки.
- Го променивме Законот за земјоделство и рурален развој, со што се оддложи важноста на условите за подмирени обврски кон Управата за јавни приходи, вработените во подрачните единици ги задолжив да ги внесуваат податоците од подружниците на АД Водостопанство, со цел земјоделците кои ги подмириле обврските за водарина по 15 јануари годинава, да бидат внесени како водокорисници кои не должат по основ на договор за водарина, од Секторот земјишна политика се ажурираше базата на податоци со цел на земјоделците кои должат за неплатена концесија на државното земјоделско земјиште преку пат на пребивање да може да им се исплатат субвенциите за тутун, а дополнително се ажурираше и базата во делот за Јапонската помош, што исто така беше еден од предусловите за да може да се исплатат субвенците, информира министерот.
Приоритет на Владата останува, рече, зголемување на земјоделските површини, приносите и квалитетот на земјоделските производи.
Ново на Сител
-

Руте пречекан со транспарент „НАТО убива“ од пратениците на Левица
-

Стружани денеска од цистерна полнат чиста вода, матноста на водата од градскиот водовод втор ден во граници на нормала
-

Поранешната директорка на Онкологија Клисаровска сведочеше за недостигот од конзилиум и колективни одлуки за терапии во „Онкологија 2“
-

Руте: НАТО не е вклучен во последните случувања на Блискиот Исток, но ќе го одбрани секој дел од својата територија
-

„Безбеден град“ - превентивен механизам за намалување на сообраќајните прекршоци, смета стручната јавност
-

Доминација на КБК Шампион Скопје - сила во сите генерации
-

Трамп: Предоцна е за преговори со Иран
-

Димитриеска-Кочоска: Се следи состојбата на Блискиот Исток, ако треба да преземеме нешто, ќе биде во рамки на законите
