Почнува Интернационалниот литературен фестивал „Про-за Балкан“
Во галеријата Даут-пашин амам вечер во 19.30 часот ќе биде отворен 5. Интернационален литературен фестивал „Про-за Балкан“, кој го организира издавачката куќа „Икона“ и учествуваат познати писатели од Балканот.
Годинава гости се авторите: Наташа Крамбергер од Словенија, Мурат Ѓулсој од Турција, Владимир Пиштало од Србија, Антон Баев од Бугарија, како и македонскиот писател Влада Урошевиќ. Специјален гостин на фестивалот ќе биде исландскиот писател Браги Олафсон.
За делата на гостите на отворањето ќе зборуваат: Александар Прокопиев, уметнички директор на фестивалот, Ермис Лафазановски, претседател на Одборот за доделување на наградата „Прозарт“, и Владимир Јанковски, модератор.
Петти добитник на наградата „Прозарт“ за авторски придонес во развојот на книжевноста на Балканот е хрватскиот писател Миљенко Јерговиќ, еден од најзначајните писатели во регионот, кој беше гостин на првото издание на „Про-за Балкан“. Признанието ќе му биде врачено во вторник, 30 мај, на затворањето на фестивалот.
Во рамките на „Про-за Балкан“ и годинава ќе се одржи програмата „Скопје фелоушип“ во која гости ќе бидат тројца познати издавачи – Емануел Колас од Франција, Ненад Шапоња од Србија и Тамер Саид од Дубаи. Тие ќе имаат средби со писатели од Македонија и со членови на Македонската асоцијација на издавачи.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Елмедин Конаковиќ, Министер за надворешни работи на БиХ
-
Да се симнат табуата и мажите почесто да прават лекарски прегледи
-
До утре комплетен список на министрите на Владата на Мицкоски
-
Тивок бојкот во СДСМ
-
Ќе плаќаме ли поскапа струја од 1 јули?
-
Зголемен обем на работа во ГОБ 8 септември поради хаосот со салите на Клинички, а кадарот масовно си заминува
-
Спасителите на вода неопходност за безбедни капалишта
-
Националната земјоделска мрежа ги утврди производната и откупната цена на пченицата