Почнува интернационалниот „Битола Шекспир фестивал“

Големата трагедија „Антоние и Клеопатра“ која Велијам Шекспир ја напиша во 1606 година, за прв пат преработена во театарска претстава на македонски јазик, вечер во Битола ќе го означи почетокот на Интернационалниот „Битола Шекспир фестивал“.
Домаќинот и организатор на меѓународниот културен настан, како во минатите две, така и оваа трета година одлучи да понуди премиера која ја подготуваше гостинот од САД, режисерот Џон Блондел.
- Многумина, како и јас лично, „Антоние и Клеопатра“ ја сметаат за најтешка драма, но истовремено и како највозвишено уметничко достигнување на Шекспир. „Антоние и Клеопатра“ го покажува опојното влијание на моќта и копнежот, како и сеизмичките промени кои се појавуваат во поголемиот дел од цивилизираното општество кон залезот на последниот милениум пред новата ера. Чест е да се режира првото првото поставувањена оваа драма на македонски јазик, преку еден нов и моќен превод на неспоредливиот Драги Михајловски и на мое огромно воодушевување, да соработувам со извонредните уметници од битолскиот театар, истакна режисерот Блондел во пресрет на вечерашната премиера во Битола.
Главните улоги во најновиот проект на битолскиот театар ги толкуваат Валентина Грамосли, во улогата на Клеопатра и Петар Горко во улогата на Антоние.
- На сцената на театарот во Битола сум ги играла улогите на Виола, Јулија, Медеја, а еве сега го вбројувам и ликот на Клеопатра кој за мене претставуваше вистински предизвик. Клеопатра е непревидлива, таа е жена заводничка, кралица, понекогаш и комична и затоа претставува комплексен лик. Мислам дека ја скротив и уживам додека го играм ликот на Клеопатра, посочи Грамосли.
Aктерот Петар Горко за неговата најнова главна роља потсети дека таа станува составен дел на досега 16-те шекспирови ликови што ги имал во својата актерска кариера. -Се надевам дека вечер на сцената во Битола т.н. „четврт ѕид“ ќе го срушиме во првата секунда од почетокот на претставата, нагласи Горко.
Во претставата „Антоние и Клеопатра“ настапуваат и актерите Соња Михајлова, Марјан Ѓоргиевски, Петар Спировски, Борче Ѓаковски, Елена Моше и Викторија Степановска. Преводот на текстот на македонски јазик го направи Драги Михајловски, асистент на режија Јован Ристовски, драматург Билјана Крајчевска, советник Рандал Мартин, музика Миодраг Неќак, сценографија Валентин Светозарев, костимографија Благој Мицевски, сценски движења Рисима Рисимкин.
Интернационалниот театарски „Битола Шекспир фестивал“ се одржува под покровителство на Министерството за култура и со поддршка на општина Битола.
Ново на Сител
-

Димитриеска-Кочоска: Државната помош не смее да биде товар врз јавните финансии, туку инвестиција во конкурентноста и одржливиот раст
-

Мицкоски: Со нова градинка во општина Ѓорче Петров до помали листи на чекање
-

Николоски: Воведуваме уште две нови авиолинии кон Италија, од јули ќе се лета кон Алгеро Сардинија и Палермо
-

Заврши процесот на регистрација и доброволна дерегистрација на ДДВ обврзниците
-

ЗОИ2026: Злато за Австрија во скијачки скокови, натпреварувањето прекинато
-

МБА: Од 1 март 2026 година почнува примена на засилена автентикација при електронски плаќања
-

Посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје
-

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево
