-->
-->
Почнува годишната обнова на документи за корисниците на социјална парична помош
-->
– Годишната обнова на документи за сите корисници на социјална парична помош почнува од утре, информираше Јавната установа меѓуопштински центар за социјална работа. Корисниците ќе треба да поднесат ново барање, а потребните обрасци за поднесување ќе ги добијат во Центарот.
При поднесување треба да имаат на увид важечка лична карта за себе и за сите полнолетни членови на семејството, а останатата потребна документација Центарот ќе ја прибавува по службена должност.
-Основно задолжување во оваа обнова е сите полнолетни членови од семејството задолжително да бидат пријавени во Агенцијата за вработување што ќе биде предуслов за остварување на правото кое се очекува дека ќе се трансформира во гарантирана минимална помош согласно новиот закон за социјална заштита кој набргу треба да биде донесен, информираат од Центарот.
Обновата на документите трае заклучно со 28 јануари 2019 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Земјоделците (не)задоволни од новите построги правила за субвенции
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Владата избра 9 нови амбасадори
-

Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење за четворица кандидати за државен јавен обвинител
-

Вонреден инспекциски надзор во Правда, бараа објаснување за полагање на правосудниот испит
-

Уставен пред комплетирање - се чека изборот на нови судии за одлука за Законот за јазици
-

Протест на ССМ пред Владата
-

СДСМ обвинува дека Мицкоски го користел владиниот авион приватно, Владата демантира

