Ракомет
18. January 2024 - 8:19

Почнува Главната рунда на Европското ракометно првенство

Со натпреварите од Групата-2 денес почнува Главната рунда на Европското ракометно првенство кое што се одржува во Германија.

Од првата групна фаза по два бода пренесоа Данска, Шведска  и Словенија, додека Холандија, Норвешка и Португалија, Главната рунда ќе ја почнат без бодови.

Двојки за денес:
Норвешка – Португалија (почеток 15:30 часот)
Данска – Холандија (18 часот)
Словенија – Шведска (20:30 часот)

Групата – 1 ја сочинуваат: Унгарија и Франција (од прелиминарната рунда пренесоа по 2 бода), Австрија и Хрватска (пренесоа по 1 бод), Германија и Исланд (не пренесоа бодови).