Почнува Фестивалот на чајот и читањето
Со промоција на книгата „Патникот“ од Борче Грозданов вечер во Порта Македонија ќе биде означен почетокот на Фестивалот на чајот и читањето, во организација на издавачката куќа „Феникс“ од Скопје.
Книгата со раскази е посветена на прерано починатиот актер Васил Шишков. Фрагменти од книгата ќе интерпретираат актерите Арна Шијак и Александар Микиќ, а во музичкиот дел ќе настапат солистките на групата Чалгија саунд систем. На промоцијата, посетителите ќе бидат во можност да ја набават книгата по промотивна цена.
Фестивалот на книгата и читањето продолжува во Културниот центар „Феникс“, каде до 8-ми март оваа година, ќе има Саем на книгата со над 10.000 изданија, со попусти и промоции на книги, средби и разговори со писатели, врачување награди и признанија, хепенинг „Познатите сликаат“, награден конкурс за учениците и слично.
Во рамки на Фестивалот е доделувањето на наградата „Прозни мајстори“ на Венко Андоновски и „Гоцева мисла“ на Тања Попова од Бугарија и Звонко Танески од Словачка.
Покрај издавачката куќа „Феникс“, годинава со свои програмски содржини ќе бидат вклучени и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ и Здружението за лица со посебни потреби „Интеракција плус“.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Поради пожари затворен граничниот премин Блаце
-
Црн облак го покри Скопје - се запали отпад за старо железо: се евакуираше дел од населението
-
Извештајот за Македонија изгласан во Европскиот парламент без македонски јазик и идентитет
-
Реакција за Извештајот
-
Европратеничката Јовева со јасна порака до соседите
-
„Стануваме енергетска крстосница во регионот“ - почна изградбата на гасниот интерконектор со Грција
-
Голем интерес за брзата пруга