Почна замената на старите светилки во Ресен со економични лед диоди
Преку јавно приватно партнерство меѓу Општина Ресен и турската компанија „Џемдаг“ почна реализирањето на проектот за реконструкција, модернизација, надградба и одржување на системот за јавно осветлување во Ресен.
Градоначалникот Ѓоко Стрезовски денеска на прес-конференција информира дека турската компанија почнала со менување на живините и натриумови светилки на улицата „Корчуланска“ и на влезот на Ресен од страна на Битола со нови современи лед диоди кои ќе гарантираат заштеда на електричната енергија од минимум 60 проценти.
- Се работи за инвестиција од 1.250.000 евра, средства што општина Ресен ќе ги обезбеди од сопствениот буџет, преку генерирање на заштедите од наредниот период. Досегашните натриумиви и живини светилки ќе се заменат со современи и економични лед диоди, па токму од заштедата за потрошена електрична енергија ќе се плаќа приватниот партнер, рече Стрезовски.
Тој очекува во наредните два месеци да бидат заменети сите 2.400 улични светилки во Општина Ресен со што ќе се овозможи поквалитетен сервис кон граѓаните.
Согласно договорот, кој е склучен на 15 години, компанијата „Џемдаг“ ќе инвестира во замена и надградба на системот и ќе го одржува. Треба да формира кол - центар каде граѓаните ќе ги пријавуваат евентуалните дефекти, што треба да се решат во рок од 48 часа.
Ново на Сител
-
Нетанјаху ја распушти воената влада
-
Приведен криумчар на мигранти
-
ЈП „Комунална хигиена“: Масовно непрописно исфрлање отпад во близина на контејнерите во Скопје
-
Активен пожар во Негорци, регистрирани 15 пожари на отворено во изминатото деноноќие
-
198 санкционирани возачи во текот на изминатиот викенд на подрачје на СВР Битола, 84 за брзо возење
-
Тешко повредено едно лице, откако возило излетало на железничка пруга
-
Англија со победа го започна ЕП – Белингем и пресуди на Србија
-
Комплетиран предлог составот на новата влада, гласањето најавено за 22 и 23 јуни