Почна вториот конкурсен рок на Новиот културен бран

Министерството за култура соопшти дека почна вториот конкурсен рок за доставување на апликации за организирање на културно - уметнички настани во рамки на манифестацијата „Нов културен бран“, кој ќе трае до исцрпување на буџетот на манифестацијата.
Конкурсната комисија, која беше формирана минатата недела, стои во соопштението, веќе разгледува над 200 апликации, кои пристигнаа на првиот конкурсен рок, распишан на 31 јули 2017.
Првите проекти избрани за финансирање ќе бидат соопштени пред јавноста на прес - конференција во текот на идната недела.
Од Министерството изразуваат благодарност до Проектот за граѓанско учество на УСАИД и Фондацијата Фридрих Еберт, кои се одѕваа на повикот за поддршка на Новиот културен бран што го упатиле до меѓународните организации и организациите од Македонија како и до бизнис заедницата. Од Министерството посочуваат дека идната недела ќе ги претстават аспектите на нивната соработка, како и партнерите од бизнис заедницата и сите други кои ќе се приклучат со поддршка за Новиот културен бран.
Манифестацијата „Нов културен бран“, како што се истакнува, има цел да обезбеди деметрополизација, деконцентрација на културата, да ја збогати, омасови, интензивира, динамизира и раздвижи културната понуда.
Детали за целите и приоритетите на Новиот културен бран, како и конкурсната документација, може да се најдат на линкот на веб страницата на Министерството, во рубриката „конкурси“: http://kultura.gov.mk/index.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар/аналитичар
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов член во Судски совет според нов закон, а стари критериуми
-

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила
-

СДСМ со нова т.н бомба, ВМРО-ДПМНЕ ги бара документите со кои Филипче добил златна виза
-

Осумчлено семејство остана без дом, откако пожар им ја пеплоса куќата
-

ЈКП-ЈА бараат итни измени во Законот за јавни претпријатија
-

Охрид исполнет за празниците
