Почна „Вино Скоп 2016“

На плоштадот „Мајка Тереза“ пред Македонска опера и балет синоќа почна јубилејниот 10. фестивал на виното „Вино Скоп 2016“.
До недела, 2 октомври, посетителите ќе може да дегустираат вино од десет најдобри македонски винарници, како и вински коктели - сангрија и вино мохито. Ќе има и вкусни мезиња од македонски деликатеси: сирења, кашкавали, сувомесни производи.
„Вино Скоп“ ќе понуди музичка за сите вкусови, џез, блуз, фолк, рок, поп, танго, ирска музика, етно и шлагери. Предвидени се настапи на Миле Кузмановски, Јаков Дренковски, Ефто Пупиноски, Владо Јаневски, Амадеус Бенд, Куку Леле, Ристо Самарџиев, Иван Гавриловиќ, Џафер, Чил Плеј, Ортодокс Келтс, Лили Чили,...
Влезот како и секоја година е бесплатен, а ќе биде отворен за посетители од 12 часот до доцните вечерни часови. Плаќањето на виното е со фестивалски бонови, кои може да се купат на влезовите на фестивалот.
За реализација на „Вино Скоп“ што традиционално го организира „Темов“, Градот Скопје издвои 700.000 денари.
Ново на Сител
-

Филипче: Не се плашиме од Груби, кој прекршил закон нека одговара
-

Судење за „Пулс“
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

За првпат од воведувањето на Сејф Сити: Вчера не е фатен ниту еден возач како минува низ црвено светло
-

Судење за „Пулс“
-

Обдукцијата покажа дека и двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт
-

Обвинителите бараат политичарите да не ги коментираат одлуките на Обвинителството
-

Рокас охрабрен од динамиката на реформите за борба против корупцијата
