Почна увидот во кумановскиот суд
Почна увидот во Основниот суд Куманово, кој треба да ги покаже причините за пожарот што избувна завчера.
- Увидот ќе го спроведува основен јавен обвинител од Скопје, ќе присуствувам и јас и дежурен обвинител од Куманово, увидна екипа од СВР Куманово заедно со кримтехнкка од Скопје, вешто лице електроинженер и инспектор за пожари. По завршување на увидот ќе ја информираме јавноста, изјави шефицата на кумановското обвинителство Теута Бедиу Рамадани.

Претседателката на Основен суд, Куманово, Снежана Манев кажа дека очекува увидот да ја покаже причината за пожарот.
- По завршување на увидот, ќе започне уредувањето на подрумските простории. Дотогаш итните случаи ќе се решаваат во Кривичен суд Скопје кои по насоки на Судскиот совет и Министерство за правда, изјави Манев.

Пожарот во кумановскиот суд избувна завчера во 01:35 часот. Вчера имаше противпожарна стража и кумановските пожарникари во два наврати го гасеа димот од напластената архива.
Ново на Сител
-

28 пожари на отворен простор, 11 се уште активни
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски
-

Преглед на вестите од светот
-

30 дневен притвор за возач од СОЗР поради примање мито
-

Пожарите не стивнуваат: Пламените јазици кај месноста Рамно, нов предизвик за скопските пожарникари
-

ВМРО-ДПМНЕ направи споредба на економските политики со претходната власт
-

Се зголемува бројот на семејно насилство, институциите не можат да направат навремена проценка на случаите
-

Портокалово предупредување, висок пожарен ризик
