-->
-->
Почна средбата на работната група за законот за ЈО
-->

Во Собранието почна средбата на работната група за законот за јавно обвинителство, на која се присутни министерката за правда Рената Дескоска, како и претставници од СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на Албанците и Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ. На средбата се очекува да се надминат отворените прашања меѓу власта и опозицијата околу предложениот закон.
Денешната средба следува по дводневната јавна расправа на која претставници на политичките партии и експерти од оваа област имаа можност да ги изнесат своите забелешки. Министерството за правда најави дека дел од нив ќе бидат вградени во предложеното законско решение кое треба да се најдат на собраниска седница доколку политичките партии денеска ги усогласат ставовите.
Претседателот на Парламентот Талат Џафери вчера изјави дека има деловничка можност Предлог-законот да биде веднаш ставен на собраниска седница доколку текстот биде усогласен.
– Има таква деловничка можност, изјави Џафери на средбата со новинарите, додавајќи дека сè зависи од волјата на парламентарниот состав.
На неопходноста од донесување на законот за ЈО укажуваат и владините претставници и меѓународната заедница.
Новиот Предлог-закон за јавно обвинителство се очекува да биде донесен до 12 февруари, кога треба да се распушти овој собраниски состав. За неговото донесување неопходно е двотретинско мнозинство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
„Гринпис – Бугарија“ пријави над 170 нафтени дамки во бугарските води на Црното Море
-
Институт за проучување на војната: Кремљ не се обврзал јавно за средба меѓу Путин и Зеленски
-
Лавров го пофали Трамп, ги критикува Европејците за нивниот пристап кон решавањето на украинскиот конфликт
-
До петок стабилно и топло, за викендот повремен дожд и грмежи
-
ЦУК: Три регистрирани пожари на отворено, еден активен
-
Приведени возачи во Гостивар, Штип и Ресен, управувале возила под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволеното
-
Италија воведе нови, високи казни против фрлањето ѓубре на јавни места, ќе важат и за туристите
-
На ГП „Табановце“ приведен 36-годишник од Романија, пронајдена е дрога