Почна сослушувањето на Асанж во Амбасадата на Еквадор во Лондон (ДПЛ)

По неколку одлагања денеска во Амбасадата на Еквадор во Лондон, почна сослушувањето на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, јавија британските медиуми.
Сослушувањето почна откако во дипломатската мисија на оваа јужноамериканска земја, притстигнаа обвинител од Еквадор и главниот шведски обвинител.
Уште од 2010 година Асанж е осомничен за силување на една Шваѓанка, со која бил во време кога тој во Стокхолм држел предавање.
Тој и неговите адвокати инсистираат дека не станува збор за силување, туку за „секс со согласност“ и дека обвинувањата шрптов него се политички мотивиран процес.
Асанж смета дека Шведска го покренала целиот случај во договор со САД. Тој тврди дека кога ќе се најде на шведската територија ќе им биде предаден на американските правосудни власти, за да му судат за илегалното објавување на околу 500 илјади доверливи и тајни воени материјали за војните во Авганистан и Ирак од пред повеќе од 13 години.
Во еквадорската Амбасада Асанж живее како бегалец од 2012 година, откако побегна од лондонскиот стан што службено му беше доделен додека трае разгледувањето на барањето за негова екстрадиција во Шведска.
Во август истата година, тој доби и политички азил од Еквадор.
Постапката на сослушувањето оди на тој начин што еквадорскиот обвинител ги поставува прашањата, а обвинителот од Шведка само ги бележи одговорите на осомничениот.
По сослушувањето, Обвинителство во Стокхолм ќе одлучи дали против Асанж да подигне и формално обвинување за силување.
Ново на Сител
-

Над 60 ученици се фатени како препишувале на државната матура
-

Измените на Законот за трансплантација поминаа на Влада, во Собрание ќе биде доставен по скратена постапка
-

Преглед на вестите од светот
-

Тошковски: Се уште се непознати мотивите за палење на автомобилите на бугарската амбасада
-

СДСМ: Бесплатно образование, модерни вештини, повеќе шанси за младите
-

60 матуранти фатени како препишуваат
-

Народната банка благо ја затегна монетарната политика и ги зголеми каматите за 0,25 процентни поени
-

Од идната недела стартуваат мерките на Оперативниот план тежок 40 милиони евра
