Македонија
13. May 2016 - 13:31

Почна снимањето на филмот „Словенија, Австралија а утре светот“

Во Словенија почна снимањето на играниот филм „Словенија, Австралија а утре светот“ во режија на Марко Набершник. Филмот е копродукција меѓу „Перфо“ од Словенија и „Кино Око“ од Македонија, а финансиран од Агенцијата за филм на Република Македонија.

Снимањето ќе трае до крајот на јуни на локации во Љубљана и Марибор. 

Македонската екипа, која е дел од овој филм ја сочинуваат Горан Игњатовски-дизајн на шминка, Марина Колоска-асистент на камера, Игор Василев-Новоградска-композитор на музика, а дел од постпродукцијата ќе биде направен во Македонија. Македонски копродуцент е Роберт Насков.