Македонија
27. September 2018 - 16:27

Почна скринингот на Поглавјето 23 за фундаментални права ЕУ-Македонија во Брисел

Во Брисел денеска и официјално почна процесот на скриниг, со кој земјата влезе во последдната  фаза на подготовка за  пристапните преговори. На маса е поглавјето 23, кое се однесува на правосудството и фундаменталните права.

Претставниците на Европската Комисија во наредниве два дена ќе ја запознаат  македонската делегација со начинот на кој функционира правото во Унијата,  што ќе преставува патоказ по кој натаму ќе се дижат реформоте во  судството, борбата против корупцијата и човековите права.  

Генералниот дирекор за проширување посочи дека се работи за поглавје кое е фундаментално за да се отворат прегворите со секоја земја кандидат,

„Ова е почеток на најинтензивниот ангажман во нашата долга врска. Мора да има заемно разбирање за тоа што се правилата на ЕУ за да се подготвите за идното членство. Нашите експерти ќе ги објаснат должината и длабочината на заедничкото европско законодавство“,

Вицепремиерот Османи потсети дека Македонија досега покажа административен  капацитет со успешно имплементираше обврските од Спогодбата за стабилизација и асоцијација, а сега активно се потготвува и за  процесот на преговори.

Инаку, во оваа  прва  фаза скринигот се одвива заедно со Албанија,  бидејки двете земји заедно добија условена покана за почеток на преговорите во јуни. Подоцна се преминува на втората фаза, односно на билатералниот скрининг.