Почна сезоната на изнајмување велосипеди во Скопје
Од денеска секој ден во периодот од 7 до 22 часот на пет локации во Скопје граѓаните ќе можат да изнајмат велосипед по цена од 10 денари за час, информираат од Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје.
Велосипедите ќе можат да се изнајмат во катната гаража „Македонска Фаланга“, јавните паркиралишта Градска општа болница и Градска општа болница „8 Септември“, јавната површина наменета за паркирање зона Д3 позади ТЦ Бисер во општина Аеродром и јавното паркиралиште Треска.
- Целта на проектот „Изнајми велосипед“е да се подигне нивото на еко свеста кај граѓаните, да се намали градскиот метеж, како и да се подобри социјалниот живот на граѓаните, велат од ЈП Градски паркинг.
Оттаму информираат дека од утре ќе бидат пуштени и електромобилите кои ќе бидат поставени на плоштадот Македонија, кај споменикот „Воинот на коњ“ со цел туристичко разгледување на централното градско подрачје и културните знаменитости.
- Цената за едно лице, за едно возење изнесува 50 денари, а капацитетот на едно возило е четири лица (3+1-возач), посочуваат од ЈП Градски паркинг.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите