Почна реконструкцијата на улицата „Горно Лисиче“

Почна реконструкцијата на една од најголемите улици во Горно Лисиче, „Горно Лисиче“. Почетокот на реконструкцијата денеска го означија градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Александар Стојанов.
Станува збор за проект кој опфаќа обнова на коловозната конструкција на улицата „Горно Лисиче“ на потегот од „12 Македонска бригада“ до црквата „Св. Петар и Павле“.
Вкупната должина на реконструкцијата што ќе ја опфати улицата „Горно Лисиче“ е околу 1,7 километри. Вкупната инвестиција за оваа улица изнесува околу 14 милиони денари.
Реконструкцијата, исто така, ќе опфати и нивелирање шахти, како и санирање прекопи. Покрај обновувањето на оваа улица со нов асфалтен слој со широчина од околу седум метри, ќе се обноват и тротоарите со бекатон-плочки.
Минатиот месец во Горно Лисиче, исто така, почна обнова и на коловозната конструкција на улицата „Тодор Чангов“, поточно од „Вардарска“ до „Ернест Телман“ во должина од околу еден километар и 660 метри.
Со обновувањето на двете улици во Горно Лисиче се очекува значително да се подобрат условите за сообраќај во оваа населба на општина Аеродром.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
