Почна реконструкцијата на патот Тркање-Бање-Соколарци
Општина Чешиново-Облешево согласно програмата за реконструкција на локалната патна мрежа почна со реконструкција на патниот правец Р-2342, делница од населените места Тркање, Бање до Соколарци. Асфалтирањето на патот се реализира во соработка со Јавното претпријатие „Македонија пат“.
- Со оваа активност, која почна денеска ќе бидат опфатени сите делници од патот со поставување нов асфалтен слој од 7 сантиметри во должина од 1.400 метари. Со овој зафат сметам дека значително ќе ја подобриме патната инфраструктура во општината бидејќи по долги години овој патен правец ќе биде асфалтиран. Со ова ќе се подобри патната инфраструктура, а ќе се обезбеди и побезбеден сообраќај, изјави Костадин Личков, градоначалник на општина Чешиново-Облешево.
Поради реконструкцијата на патот воведена е измена во режимот на сообраќај, односно од 9 до 16 часот патниот правец Тркање-Бање-Соколарци ќе биде затворен за сообраќај и пренасочен кон Облешево.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови