Почна реконструкцијата на патот меѓу светниколските села Пеширово-Ерџелија
Почна реконструкцијата на локалниот пат меѓу светиниколските села Пеширово – Ерџелија, во должина од еден километар, од клучката на патот Свети Николе – железничка станица Овче Поле, до надвозникот на автопатот Миладиновци – Штип.
Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски информира дека овој проект е реализиран, како соработка на Општина Свети Николе, со Центарот за развој на Вардарскиот плански регион, а е финансиран од Бирото за регионален развој. Инвестиционата вредност на проектот е околу четири милиони денари.
Тој посочи дека градежните активности се почнати вчера, а како што се одвива динамиката на изградбата, изведувачот на работите предвидува предавање во употреба на оваа делница, пред предвидениот рок, со што на жителите од селата Ерџелија и Мустафино и другите, кои го користат овој патен правец во многу ќе им биде олеснета комуникацијата кон Свети Николе.
Ново на Сител
-

Укинувањето на Пржинската влада во Собрание
-

Асанов негира вина, обвинителството бара осуда за фемицид
-

Сведок: Пиротехниката ја местеа пред нас
-

Јаневска: Комплицирано е на Филозофски
-

Се работи на долгорочно решение за плажите
-

Акција за поголемо учество на жените во локалното одлучување
-

Рециклирам значи постојам
-

Преглед на вестите од светот

