-->
-->
Почна осмиот „Пиволенд“
-->

На Скопската тврдина Кале, вчера вечерта градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, го отвори осмиот традиционален Гурмански викенд со пиво „ПИВОЛЕНД 2015“.
-Ви пожелувам добредојде на осмиот традиционален Гурмански викенд со пиво во Скопје –Пиволенд 2015, на кој ќе имате можност да дегустирате над 50 видови домашни и странски пива и да уживате во големата понуда на македонска традиционална храна од различни ресторани. Во текот на пет фестивалски денови, ќе Ве забавуваат познати имиња од домашната музичка сцена, како и од странство. Ви пожелувам добра забава и дружење на „ПИВОЛЕНД 2015, изјави Трајановски.

Со настапот на група „Млад бенд “, вчера почна традиционалниот фестивал на пивото „ГУРМАНСКИ ВИКЕНД СО ПИВО-ПИВОЛЕНД 2015“.Фестивалот на пивото традиционално е во организација на Град Скопје и на „Темов“, а за организација на гурманскиот викенд, Градот Скопје од буџетот издвои 200.000 денари.
Оваа година на гурманскиот викенд со пиво „Пиволенд 2015“, публиката ќе има можност да ужива во музиката на голем број македонски изведувачи, бендови и диџеи. На сцената ќе ги слушаме: Д.Н.О., Ласт Експедишн, Суперхикс, Смат, Културно Уметнички Работници, Тони Зен со бендот Флека, Есма Реџепова, Верка, Барбарела и многу други. Од регионот ќе гостуваат популарниот панк-фолк бенд Бркови од Хрватска, Блендед Бру од Данска, кои оставија огромен впечаток на годинешниот „Баскерфест“ и Лемон Бакет Оркестра од Канада, бенд од 15 луѓе, светски познат над 500 концерти годишно.
Како и минатата година, „Пиволенд“ им дава силна поддршка на младите и неафирмирани бендови од Македонија. Пиволенд и Бла Бла ТВ (прва интернет телевизија во Македонија) годинава организираат втор стејџ на кој ќе се претстават над 30 музичари и диџеи, а најдобрите 5 ќе имаат можност да настапуваат и на главиот стејџ на „Пиволенд“, секој ден од 19 часот.
Како и во изминатите години влезот на Пиволенд е бесплатен, а за сите љубители на забавата и пивото ќе бидат организирани забавни катчиња.





-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Млади лица со фантомки и дрвени палки забележани во центарот на Куманово
-

Кривична против тетовчанка за пуштање во оптек фалсификувана банкнота од 50 евра
-

Малолетници предизвикале пожар во напуштен објект на Водостопанство
-

40-годишен маж приведен за семејно насилство, одземени пушка и пиштол од неговиот дом
-

Седум возачи приведени во изминатото деноноќие поради управување возило без положен возачки испит
-

„Дијамант“: Инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
-

Сојузот на борците од Тетово реагира: Лага е дека ученици во униформи и со оружје го славеле ослободувањето на градот
-

„Платете или ќе добиете казна од 20.000 денари“ – ПОЦ предупредува на лажни казни за паркирање
