Почна изградбата на спортската сала во основното училиште во Нов Дојран
На површина од 650 метри квадратни, во дворот на основното училиште „Кочо Рацин“ во Нов Дојран денеска почна да се гради спортската сала во рамки на владиниот проект за изградба и опремување на 145 училишни спортски згради.
За нејзината изградба ќе бидат потрошени 24 милиони денари, што се обезбедени од Банката за развој при советот на Европа и од буџетот на Република Македонија, преку Министерството за образование.
-Децата се нашиот најголем приоритет и затоа не радува што конечно основното училиште во Нов Дојран ќе добие спортска сала што ќе ги дава сите услови за непречено одвивање на наставата по физичко воспитување, рече градоначалникот Анго Ангов.
Тој посочи дека покрај оваа примарна цел, хотелиерите и сместувачките капацитети од Дојран спортската сала ќе можат да ја вметнат и во содржината на своите туристички понуди.
Ново на Сител
-

Филипче: Не се плашиме од Груби, кој прекршил закон нека одговара
-

Судење за „Пулс“
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

За првпат од воведувањето на Сејф Сити: Вчера не е фатен ниту еден возач како минува низ црвено светло
-

Судење за „Пулс“
-

Обдукцијата покажа дека и двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт
-

Обвинителите бараат политичарите да не ги коментираат одлуките на Обвинителството
-

Рокас охрабрен од динамиката на реформите за борба против корупцијата

