Почна изградбата на пешачко-излетничка патека до манастирот „Свети Петар и Павле“ кај Ајватовци

Општина Илинден почна со реализација на проектот „Изградба на пешачко-излетничка патека за пристап до манастирот „Свети Петар и Павле“ кај Ајватовци, во должина од 770 метри.
Вкупната инвестиција за овој проект што општина Илинден го реализира преку Програмата за рурален развој на Владата на Република Македонија, изнесува 6,3 милиони денари.
Со имплементацијата на овој значаен проект ќе се изврши уредување на пешачко-излетничка патека, која го поврзува населеното место Ајватовци и манастирот „Свети Петар и Павле“ со излетничкото место во село Ајватовци. Ќе се овозможи целосно уредување на пешачко-излетничката патека со асфалтирање, како и нејзино осветлување и поставување клупи и корпи за отпадоци.
Владата и општина Илинден потпишаа договор за одобрување на средства од 32 милиони денари преку Програмата за рурален развој, за реализација на три проекти. Покрај овој проект, со цел подобрување на инфраструктурната поврзаност на населените места, од страна на Агенцијата беше прифатен проектот „Рехабилитација на локалниот пат Илинден-Марино“ во должина од 2,1 километар, а третиот проект кој доби поддршка за реализација е „Изградба на пешачко-рекреативна патека Марино-Кадино“ во должина од 1.500 метри.
Ново на Сител
-

Прогласена епидемија на западнонилска треска во пет скопски општини - почина 83 годишен скопјанец
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Македонија регистрирани 26 случаи на западно-нилска треска
-

Зголемен интерес за упис на УГД-Штип
-

Младите од Прилеп бараат отворање на Младински културен центар, како и повеќе културни и спортски настани
-

Охрид 19 дена во знакот на водените спортови
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за орбазование и наука
-

Протестите сè поизвесни – превозниците бараат решение за престојот во Шенген
