-->
-->
Почна изградбата на новопроектираната улица во Љуботен
-->

Општина Бутел ја почна изградбата на новопроектираната улица во село Љуботен. Улицата ги поврзува долниот и горниот пат во селото во близина на основното училиште „Лиман Каба“. Новата улица е во должина од 330 метри, а широка 4,5 метри.
Како што информира општина Бутел, новопроектираната улица е на барање на граѓаните, а им се излегува во пресрет на учениците кои ќе можат директно, по скратен пат, да одат на училиште. Се подобруваат условите и за автобусите на градското сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје што го поврзуваат Љуботен со центарот на Скопје.
Новопроектираната улица ќе чини три милиони денари, а средствата се обезбедени од ИПАРД програмата за рурален развој.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Со 64 гласа Собранието го усвои ребалансот на буџетот
-

Тема на денот со Сања Лукаревска, пратеничка на СДСМ
-

Гостиварци може да ја користат водата како техничка, но не и за пиење
-

Непочитувањето на мерките може да ја продолжи епидемијата во Гостивар
-

Поскапуваат бензините, дизелот и парното греење
-

Дополнетиот ребаланс на буџетот на пленарна седница
-

Шпанскиот државен секретар за ЕУ во посета на Македонија – интеграциите и односите со Бугарија во фокус на разговорите
-

Без дозвола и без регистрација – малолетници дивеат во сообраќајот
