Македонија
23. November 2015 - 13:01

Почна изградбата на новопроектираната улица во Љуботен

Општина Бутел ја почна изградбата на новопроектираната улица во село Љуботен. Улицата ги поврзува долниот и горниот пат во селото во близина на основното училиште „Лиман Каба“. Новата улица е во должина од 330 метри, а широка 4,5 метри.

Како што информира општина Бутел, новопроектираната улица е на барање на граѓаните, а им се излегува во пресрет на учениците кои ќе можат директно, по скратен пат, да одат на училиште. Се подобруваат условите и за автобусите на градското сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје што го поврзуваат Љуботен со центарот на Скопје.

Новопроектираната улица ќе чини три милиони денари, а средствата се обезбедени од ИПАРД програмата за рурален развој.