Почна изградбата на градинката во штипската населба „Сењак“

Почна изградбата на новата детска градинка во штипската населба „Сењак“. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски вели дека по 30 години во Штип се гради ваков капитален објект, во кој ќе се згрижат 200 деца.
- Се работи за еден прилично скап проект кој изнесува околу 50.000.000 денари, односно околу 800.000 евра. Седумдесет проценти од оваа сума се средства обезбедени од буџетот на општина Штип, додека околу 30 проценти од Центарот за развој на Источно планскиот регион преку Биро за рамномерен и регионален развој, рече Бочварски.
Славејко Ѓорогиев од градежната фирма „Вардар градба“ од Скопје истакна дека објектот ќе биде готов за една година.
- Станува збор за објект со површина од 1.600 метри квадратни, ќе биде само на приземје и ќе биде изграден со квалитетен материјал, како што е предвидено во техничката документација, вели Ѓоргиев.
Новата детска градинка во населбата Сењак ќе биде изградена по сите стандарди кои ги пропишува законот за ваков вид на градби.
Ново на Сител
-

Земјотрес со магнитуда од 6,9 повторно ја погоди Индонезија, втор силен потрес во еден ден
-

ПФЛ: Победи за Силекс и Шкендија Арачиново
-

Хју Хефнер го пријавувал Епстин во ФБИ уште во 2005 година
-

Лишено од слобода лице од Германија, возело со брзина од 203 километри на час на автопат
-

Земјотрес почувствуван во Гостивар и околината
-

Групна тепачка во Шуто Оризари поради присилно дрогирање со марихуана на малолетничка
-

Едно лице измамено во Делчево, штипјанец набавил од него 2.580 тони сливи и не му платил
-

Премиерот Мицкоски најавува три нови инвестиции оваа есен
