Почна исплатата на обесштетувањето на штедачите од Еуростандард
Почна обесштетувањето на 136 илјади граѓани кои имаа заштеди до 30.000 евра во Еуростандард банка. Депонентите се поделени во 4 банки - Комерцијална, НЛБ Тутунска, Халк и Стопанска банка Скопје, по азбучен ред, според првата буква од презимето.Гужви и нервозни граѓани кои чекаа и по еден час имаше пред филајите на овие банки. Но ниту еден од нив, не сакаше да каже дали имал пари во пропаднатата банка. .
Граѓаните имаат рок од 3 години да си ги земат заробените пари. Треба само да носат лична карта или пасош, а доколу се спречени лично да одат – овластенето лице потребно е да има полномошно. Вкупната сума за обесштетување изнасува 86,3 милиони евра, која е намаелена за 3,3 милиони евра, затоа што нема да бидат опфатени лицата кои добивале повисоки, привилегирани камати, членовите на Управниот и Надзорен одбор и нивните потесни семејства, како и граѓаните кои имале сомнителни тарнскации поврзани за перење пари.
Останатите граѓани кои имале над 30 илјади евра, ќе бидат обесштетени до до оваа сума, а остатокот ќе го чекаат од стечајната постапка. Пари од стечајната маса ќе чекаат и сите правни лица, а најоптимистичкиот рок за нивно обештетување е до крајот на наредниот месец.
Наташа Мерсовска
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
