Македонија
15. September 2020 - 14:03

Почна исплатата на обесштетувањето на штедачите од Еуростандард

Почна обесштетувањето на 136 илјади граѓани кои имаа заштеди до 30.000 евра во Еуростандард банка. Депонентите се поделени во 4 банки  - Комерцијална, НЛБ Тутунска, Халк и Стопанска банка Скопје, по азбучен ред, според првата буква од презимето.Гужви и нервозни граѓани кои чекаа и по еден час имаше пред филајите на овие банки. Но ниту еден од нив, не сакаше да каже дали имал пари во пропаднатата банка. .

Граѓаните имаат рок од 3 години да си ги земат заробените пари. Треба само да носат лична карта или пасош, а доколу се спречени лично  да одат – овластенето лице потребно е да има полномошно. Вкупната сума за обесштетување изнасува 86,3 милиони евра, која е намаелена за 3,3 милиони евра, затоа што нема да бидат опфатени лицата кои добивале повисоки, привилегирани камати, членовите на Управниот и Надзорен одбор и нивните потесни семејства, како и граѓаните кои имале сомнителни тарнскации поврзани за перење пари.

Останатите граѓани кои имале над 30 илјади евра, ќе бидат обесштетени до до оваа сума, а остатокот ќе го чекаат од стечајната постапка. Пари од стечајната маса ќе чекаат и сите правни лица, а најоптимистичкиот рок за нивно обештетување е до крајот на наредниот месец.

 

Наташа Мерсовска