-->
-->
Почна гласањето во Битола и Демир Хисар
-->
Општинските изборни комисии во Битола и Демир Хисар утрово потврдија дека почна гласањето за предвремените парламентарни избори во Република Македонија.
Гласањето во Битола се одвива на 170 избирачки места каде гласачките кутии беа отворени точно во 7 часот.
- Во избирачкиот список евидентирани се 82.212 граѓани со право на глас и тоа право ќе може да го остварат до 19 часот, соопшти Зоран Насев, претседател на ОИК-Битола.
Гласачите од Битола и гласачите од Демир Хисар избираат кандидати за пратеници од ИЕ5.
- Точно во 7 часот, утрово беа отворени гласачките места и кутиите на 35 урбани и населени места места во општина Демир Хисар, потврди Митко Јанкуловски, претседател на ОИК-Демир Хисар.мт/07:46
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уставен ќе ја оценува уставноста на протоколот со Бугарија - Поповска очекува да биде прогласен за ништовен
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Мицкоски: 24 години по Рамковниот - Заедно сме посилни
-
Што е постигнато со Рамковниот договор на економски план?
-
Претседател на Антикорупциска ќе се избира после локалните избори
-
Мицкоски: Се прават натчовечки напори да се стави под контрола пожарот во ловиштето Јасен
-
Европа гори: Загинати, повредени и масовни евакуации
-
Нова формула за финансирање на основното и средното образование