-->
-->
Починато лице пронајдено во Хума, Гевгелиско
-->

Шесеет и седумгодишен гевгеличанец вчера е пронајден починат во село Хума, Гевгелиско.
Како што соопшти МВР, во Полициска станица Гевгелија, М.Д. (65) од Гевгелија вчера пријавила дека истиот ден околу 13:30 часот, додека пешачела со нејзината пријателка до чешмата викана „Долна Чешма“ во село Хума-гевгелиско го забележале починато лице.
- На местото на настанот излегла увидна екипа од Полициска станица Гевгелија и било утврдено дека починатиот бил С.П.(67) од Гевгелија. Од страна на лекар од Итната медицинска помош од Гевгелија била констатирана смрт, наведуваат од МВР.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Грција разгледува мерки за олеснување на протокот на патници и возила на граничните премини
-

Зголемени цените на услугите во транспорт и складирање, непроменети кај поштенските и курирските
-

Изминатите 24 часа во Крушево 34 литри дожд на метар квадратен
-

Тедрос: Конфликтот во источно ДР Конго е најголема пречка за запирање на еболата
-

Од идната сабота полагањe на матурата - три типа според видот на образованието
-

Мицкоски на отворање на „Mega shopping Park“ во Гевгелија
-

МВР: Посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Ракета на „Блу Ориџин“ експлодираше за време на тестирање на моторот во Кејп Канаверал на Флорида
