Балкан
22. October 2015 - 10:15

Починал од повредите кои му ги нанеле - Киднапирале младо момче, па го фрлиле гол на паркинг

Лицата Д.К и Д.Н се упасени поради сомневање дека го киднапирале и го однеле во шума каде брутално го претепале Вук Ј (24) од Белград во населбата Мали Мокри Луг, а потоа го фрлиле гол на паркингот на ФК Патизан. Момчето во текот на ноќта починало од тешките повреди кои му ги нанеле, полицијата трага и за третиот напаѓач. 

како што дознава Ало.рс, киднапирањето се случило на 19. октомври оваа година околу пладне во Босанакста улица, кога тројца напаѓачи  го удриле Вук кој се возел на мотор. 

- Момчето од силниот удар паднало од моторот и кацигата му одлетала неколку метри. Веднаш истрчаа од автомобилот и почнаа со палки да го тепаат. Веќе повредениот Вук го ставија во багаж, а потоа го однеле во шума. Таму, како што изјавил Вук пред да почине во болница, прво го соблекле гол и повторно го претепале со безбол палки, па во полусвесна состојба го фриле на паркингот на ФК Партизан, велат од полицијата.