Македонија
22. April 2024 - 16:16

Почина затвореник во „Идризово“

Почина затвореник во „Идризово“.

- На 21.04.2024 во 19.15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.