-->
-->
Почина уште една музичка легенда
-->
Во Нови Сад на 73 годишна возраст почина Милан Мутавџиќ, познат музичар.
Имал богата музичка кариера, а популарноста ја стекнал како тапанар и вокален солист.
Кариерата ја започнал кон крајот на 60- те години, кога на Младинскиот фестивал пеел песна „Сите мои пријатели“ и со неа постигнал огромен успех. Учествувал на Опатискиот фестивал во 1973 со песната „Ако ја слушаш оваа песна“ и со тоа станал познат на широката јавност.
Наредните години заминува на двомесечна концертна турнеја во СССР со ансамблот АБЦ, под раководство на познатиот новосадски композитор Ангел Влатковиќ, а од 1975 година станува член на новосадската група „Неопланти“, како тапанар и вокален солист.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници