Почина султанот на Оман, негов наследник е министерот за култура
Султанот на Оман, Кабус бин Саид, еден од најдолговечните лидери на Блискиот Исток, почина на 80 годишна возраст.
Воениот совет на Оман побара од владејачкото семејство да именува наследник, имајќи предвид дека султанот нема деца.
Омански официјални претставници соопштија дека министерот за култура Хетам бин Тарик ал Саид е именуван за нов лидер на таа арапска земја.
Државната телевизија објави дека властите го отвориле запечатеното писмо на султанот Кабус, во кое го именувал својот наследник, без да наведе детали.
Ал Саид, кој ја извршуваше функцијата министер за национално наследство и култура, често извршувал важна дипломатска улога, претставувајќи го Оман во странство и пречекувајќи странски претставници во својата земја.
Поради смртта на султанот Кабус, во Оман е прогласена тридневна жалост, а знамињата ќе бидат спуштени на половина копје 40 дена. Кабус, кој беше поддржуван од Западот, дошол на власт по државниот преврат во 1970 година со помош на Велика Британија. Бил меѓународно познат по своето дипломатско балансирање во нестабилниот Персиски Залив, а честопати служел и како медијатор меѓу Иран и САД.
Ново на Сител
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест