Почина штркот Малена – Заврши 19-годишната љубов со Клепетан
Почина познатиот штрк Малена.
- 11 дена не сакаше да јаде, се обидов да ја ранам, беше кај мене дома. Клепетан остана тука, но не сака во гнездото. Тој и натаму мисли дека таа е некаде, многу ми е тешко. Долго време имаше скршено крило. И ветеринар ја посетуваше во последните денови, но веднаш ми кажа дека и нема помош, потврдил за Индекс.хр Стјепан Вокиќ кој ја чуваше Малена.
Тажниот Стјепан вели дека остануваат сега тој и Клепетан, па доколку се врати идната година ќе биде тука за него.
Љубовната приказна за штрковите Клепетан и Малена од Хрватска ја следи целиот свет веќе 19 години.
Пред 28 години пензионерот Стјепан ја нашол Малена со повредено крило, и го спасил животот и оттогаш тој се грижи за неа, а деновите ги поминуваат заедно во исчекување на новата пролет.
Во 2002 година, Малена ја пронајде својата љубов, Клепетан кој секоја година се враќаше повторно кај неа. Заедно имаат 66 штркови. Секоја есен Клепетан заминувапе за Африка, додека Малена остануваше со Стјепан во селото да го чека. Човекот многупати изјавил дека таа трпеливо го чекала секоја година не дозволувајќи никој друг да влезе во нејзиното гнездо.
Пред две години Стјепан мислеше дека Клепетан угинал бидејќи многу доцнел со доаѓањето. Сепак, на крај се утврди дека е уште жив и се појави повторно кај својата сакана.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тони Менкиноски, адвокат
-

САД обезбеди дизел од Русија, во Европа ќе има недостиг до 2027
-

Бугарското МВР ја добило меѓународната потерница за Михаилова, не презеле ништо за нејзино лоцирање
-

Партиите си ја префрлаат вината – Кој го дозволи бегството на Ива Михаилова
-

Груби „победнички“ излезе од куќен притвор
-

Лични прозивки и сериозни обвинувања на седницата за поставување опозициски прашања
-

Герасимовски: ДУП-от за Барутана нема да оди на гласање без целосно да се испита теренот
