Почина Сашо Пижевски Пиже
На 57 годишна возраст вчера ненајдено почина Сашо Пижевски – Пиже, скопски урбан лик, основач и сопственик на порталот „Кај мајка ти и татко ти“, и еден од сопствениците на поранешното истоименото кафуле на улица „Ленинова“ во Дебар Маало, култното скопско маало каде што е и роден. Младоста пак, и животот, го помина во Влае (во дружба и со тафталиџани), каде се родија неговите бројни креативни идеи.
Пиже беше еден од главните креатори на скопскиот забавен живот од 80-те години, до денес, беше член на легендарната „Хавана бенд“, основана на почетокот на 90-тите години, заедно со Игор Џамбазов и Горан Атанасов – Зеко. Едни од нивните најпознати песни се „Шток ми бејби“, „Нема спас“, „Дај ми, жити сѐ“…
Пред четири години, 2018, на ист ден, 17 мај, почина неговиот близок пријател и член на Хавана бенд, Зеко, а Пиже „го одбра“ истиот датум за да си замине од овој свет.
Од неговите бројни пријатели меѓу првите се огласи Игор Џамбазов со порака на Инстраграм.
„Каде бе Пиже? Каде бе брате? Само пред пет дена пиевме кафе кај мене у маало. Ми збореше за Скјатос, а во очите ти светкаа тинејџерски искри на радост. Имаше повеќе живот во тебе од сите гости во бавчата. Ми рече: “Џамбаз, уште не и ме се дааме на копиљациве, така? Па шо бе, боље изглеаме од нив”. Довидување, другар мој. И сликни едно селфи од горе. Ја ќе го објавам, ти шерни го. Тага. Збогум брате…“, напиша Џамбазов.
Ново на Сител
-
Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата
-
ЦУК: 27 пожари на отворен простор, активни два и еден под контрола
-
Илјадници демонстранти во Тел Авив побараа крај на војната во Газа
-
Дачиќ за вчерашните протести: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир
-
Сончево утро, нестабилно попладне
-
Али: Локализиран пожарот над Лојане, селото целосно заштитено
-
Влеговме во Гинис и направивме реално шоу како се гради стартап | Сања Митровска | Sitel Podcast 109
-
На „Табановце се чека околу 40 минути за излез од државата