Почина Роберт Мундел, еден од архитектите на еврото

Економистот Роберт Мундел, познат како еден од архитектите на еврото, почина во Италија за време на велигденските празници на 88-годишна возраст, пренесоа медиумите.
Неговата смрт беше потврдена во вторникот од канцеларијата на градоначалникот во Монтериџиони, близу Сиена, Италија.
Канадскиот научник, кој беше добитник на Нобелова награда за економија во 1999 година за пионерска работа во монетарната динамика и оптималните области на валутата, имаше еднo од неговите живеалишта во тој град во Тоскана.
Истражувачката работа на Мундел се смета за теоретска основа за транснационално воведување на валути. Многумина на тој начин го класифицираа меѓу „татковците на еврото“.
Роден во Канада на 24 октомври 1932 година, овој економист помина голем дел од својата академска кариера во САД. Предавал на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Неговите анализи на монетарната и фискалната политика сè уште имаат големо влијание врз економистите и политичарите во многу земји.
Веќе некое време, Мундел живее со своето семејство во „саканата Италија“ на имот во селото Санта Коломба во општина Монтериџиони, јави италијанската новинска агенција АНСА. Тој почина таму.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
-

Може ли иницијативата на Мерц да го придвижи процесот на проширување на ЕУ?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица кои го негираат македонскиот идентитет
-

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата
-

Семејно насилство: Статистиката расте, но се буди и свеста за пријавување
-

Судството со 300 наместо потребните 456 судии, недостасува и администрација
